Имаа 27 и 34 години - двајца пилоти загинаа од Канадерот што се сруши во Грција
Двајцата пилоти, на возраст од 27 и 34 години загинаа откако кусо пред 15 часот по локално време се урна Канадерот со кој го гаснеа пожарот во близина на Каристос на грчкиот остров Евија.
Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштијадека за време на воздушно гаснење на пожарот на Евија, во 14:52 часот, се урна авионот CL-215 и загинаа пилотот и копилотот.
26.07.2023 - 00:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа