Иако за погреб се дозволени само 25 лица, стотици луѓе се собраа на погребот на загрепскиот градоначалник Бандиќ

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ ќе биде погребан напладне на гробиштата Мирогој во Загреб, каде што се собраа стотици граѓани изутрината, и покрај забраната за собирање на повеќе од 25 лица.

Ковчегот со телото на починатиот градоначалник е поставен пред мртовечницата околу 10:00 часот, а голем број граѓани чекаат на ред да му изразат сочувство на неговото семејство.

Соработникот на Бандиќ и раководител на Загрепскиот наставен институт за јавно здравје, Звонимир Шостар, најави дека на погребот ќе се почитуваат епидемиолошките мерки, поради што тој најави пристигнување на 300 ковид-редари кои треба да обезбедат почитување на мерките.

Иако мерките на Главниот штаб забрануваат собирање на повеќе од 25 лица на погреб, повеќе од еден час пред погребот се се собраа стотина луѓе на Мирогој.

Луѓето носат маски, но нема или има многу мало растојание меѓу нив.

Денес во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на градоначалникот Милан Бандиќ.

Бандиќ ненадејно почина на 66-годишна возраст од последици од срцев удар. Тој беше прв човек на Загреб во текот на шест мандати.

Мкафакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега