Иако Србија е прва во регионот по бројот на ревакцинирани повторно повеќе од 4.000 новозаразени со коронавирус

Според последните податоци, коронавирусот е потврден кај 4.056 граѓани на Србија, а биле тестирани 16.175 примероци. Уште 16 лица починале како резултат на заразата.

Во моментов има 161 пациент на апарати за дишење.

Вкупниот број на смртни случаи е 4.491. Стапката на смртност е 0,96 проценти.

Од ден на ден расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од ковид. Во изминатите неколку дена, најмногу новозаболени има во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Кралево и Врање.

Србија е на прво место во регионот според бројот на граѓани кои ја примиле втората доза на вакцината на милион жители.

 

 Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега