И компанијата „Волт Дизни“ бара задолжителна вакцинација на вработените

„Волт Дизни“ стана најновата американска компанија што објави дека ќе бара целиот персонал да биде вакциниран против коронавирус, по слични најави од Гугл и Фејсбук.

Во соопштението на фирмата се вели: Во компанијата „Волт Дизни“, безбедноста и благосостојбата на нашите вработени за време на пандемијата беше и продолжува да биде врвен приоритет. За таа цел, и врз основа на најновите препораки од научници, здравствени работници и наши медицински професионалци дека вакцината „Ковид-19“ обезбедува најдобра заштита од тешка инфекција, бараме сите наши вработени да бидат целосно вакцинирани.

Вработените кои се уште не се вакцинирани, а физички доаѓаат на работа, ќе имаат рок од 60 дена за да ги пополнат своите протоколи и целиот персонал кој се уште работи од дома ќе мора да дојде на проверка за вакцинација пред да се врати, со некои ограничени исклучоци “.

Покрај тоа, сите нови вработени ќе треба да бидат целосно вакцинирани пред да започнат со работа, додаваат од компанијата.

01.08.2021 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега