Хорор во Словенија: Шест години го криел телото на својата мајка за да ја зема нејзината пензија

Словенечката полиција притвори 67-годишен жител на Љубљана кој повеќе години ја криел смртта на својата мајка и ја подигал нејзината пензија.

Телото на 97-годишната жена било пронајдено во стан во Љубљана, откако нејзин роднина ја пријавил како исчезната.

 

Од полициската управа на Љубљана соопштија дека кон крајот на минатата седмица роднина на изчезнатата жена го пријавил случајот, затоа што нејзиниот син ги оневозможил сите контакти. Полицијата отворила истрага, по што набрзо го пронашла телото на жената. Смртта според првичните информации настапила пред шест години, а причината за смртта не е позната.

Осомничениот цело време ги уверувал роднините дека таа е жива, а со оглед на тоа што имал полномошно, тој ја подигал и пензијата. Тој сега се соочува со обвинение за сквернавење на мртво тело и измама.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега