Хоџа: Ова е трета кризна година, потребни се решенија за да се избегне колапс и затворање на компании

 

Во вечерашната дебата на ТВ Телма учествуваа претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, Горан Георгиевски од Сојузот на стопански комори и министерот за економија Крешник Бектеши.

Хоџа се пожали дека влегуваат во трета кризна година и дека мора да се преземат решенија за да се избегне колапс и затворање на компаниите.

-Влегуваме во трета кризна година. Невозможно е бизнисот да функционира како што треба. Со замрзнување на маржите се појавија проблеми со снабдување на основните проиозводи и компаниите кога не можеа да се снабдуваат и да имаат покривање барем на трошоците, одлучија да не се снабдуваат и да работат со загуба. Толкувањето на Законот за замрзнување на маржите на терен имаше друга слика. Ограничување на маржи е едно, а поттикнување на функционирање на бизнисот е друго. Не можеме да функционираме со такви ограничувања. Секогаш фокусот на Владата е посветен на домаќинствата и граѓаните, а ние како бизнис сектор сме изложени на атак иако ние сме тие што вработуваме и што создаваме раст и развој. Производството е во многу тешка состојба, неопходни се решенија за да се избегне колапс и затворање на компаниите, подвлече Хоџа.

13.04.2022 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега