Хаос во Белград: Започнаа протестите на опозицијата - демонстранти обија ограда
Предвремените избори во Србија во неделата беа обележани со доминација на претседателот Александар Вучиќ во кампањата, што заедно со нелојалната конкуренција, пристрасните медиуми и бројните нерегуларности придонесе за нерамномерни изборни услови, оценија во понеделник меѓународните набљудувачи.
Владејачката Српска напредна партија (СНС), од чие раководство Вучиќ формално се повлече во мај оваа година, освои 46,3 отсто од гласовите, што ќе и обезбеди 128 мандати во 250-члениот парламент, покажуваат прелиминарните резултати на Комисијата врз основа на 99,8 отсто од преброените гласови.
Проевропската опозициска коалиција на левиот центар „Србија против насилството“ со 23,6 отсто од гласовите ќе има 65 места во парламентот, а социјалистите на претходниот коалициски партнер на Вучиќ, Ивица Дачиќ со 6,6 отсто ќе имаат 18 мандати.
Beograd pic.twitter.com/UkeDrjTCTK
— Biljana Đorđević (@Bibislav) December 18, 2023
Пред РИК се одржува протестен собир на коалицијата „Србија против насилство“ Неколку илјади граѓани се собраа во 18 часот пред Собранието на Белград, а потоа колоната дојде до зградата на Републичката изборна комисија (РИК) каде, како што најавија, ќе ги предадат доказите за изборните нерегуларности во Белград. Како што објави Нова.рс, граѓаните стигнале до влезната врата на РИК. Едно лице удирало по вратата на РИК, а насобраните граѓани набрзо го смириле. „Предавство, предавство“, извикуваат насобраните граѓани.
Marinika Tepić i Miroslav Aleksić večeras započinju štrajk glađu u RIK-u zbog krađe izbora! pic.twitter.com/2aoffGuH2M
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) December 18, 2023
Алексиќ и Тепиќ, лидерите на коалицијата Србија против насилство, започнаа штрајк со глад Мирослав Алексиќ и Маринка Тепиќ започнуваат штрајк со глад до поништување на изборите во Белград, објави Тепиќ вечерва пред зградата на РИК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа