Груевски доби затворска казна од 1 година и шест месеци, а Јанакиески доби условна казна за „Насилство во Центар“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше изречена пресудата за случајот „Насилство во Центар“.

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од една години и шест месеци, а екс министерот Миле Јанакиески на условна казна затвор.Условна казна затвор добија и останатите обвинети.

Како извршители на насилства пред Општина Центар на 7 и 10 јули 2013 година, судијата Душко Јосифоски ги прогласи за виновни и им одреди условни казни од девет месеци на Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Трајче Петковски, која нема да се изврши ако во рок од 3 години не сторат ново кривично дело.

Обвинетите Даниел Трифуновски и Игор Бошковски добија условна казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши ако во рок од две години не сторат ново кривично дело.

Сите обвинети се задолжуваат солидарно да надоместат штета на Општина Центар во висина од  27 илјади денари.

Обвинителството на минатото рочиште се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски.

Претходно за случајот вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни, додека за седмообвинетиот Димче Крстев се води одвоена постапка.

Судијата на почетокот посочи дека, предметот му е доделен во јануари 2018 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега