Груби-Брегу: Регионалната соработка е шанса за побрза интеграција во ЕУ

Вицепремиерот Артан Груби денеска оствари средба со генералната секретарка на Советот за Регионална Соработка, Мајлинда Брегу.

Груби и посака на Грегу успешно да ја реализира регионалната соработка во Југоисточна Европа, нагласувајќи дека ја цени нејзината улога.

За време на состанокот со Брегу, првиот вицепремиер Груби разговараше и за состојбата во земјата но и регионот, како и за унапредувањето на добрососедските односи, во кој случај како пример го зеде договорите што ги постигна Република Македонија со Бугарија и Грција.

Генералната секретарка Мајлинда Брегу му пренесе на првиот вицепремиер Груби дека во фокусот на активностите на Советот за Регионална Соработка е важноста на меѓусебната поврзаност на регионот и потребата за интеграција на економиите на заеднички пазар и истакна дека Советот е подготвен да им помогне на земјите од Југоисточна Европа во процесот на европска интеграција.

Груби и Брегу се согласија дека регионалната соработка е од суштинско значење во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија. И двајцата соговорници оценија дека се потребни додатни резултати во овој план, што е важен предуслов за стабилноста и напредокот на регионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега