Грција во тотален колапс: Снегот ги затвори градинките и училиштата

Поради студениот бран и снегот што ги донесе невремето „Леандрос“, основните училишта и градинките во неколку делови на Грција денеска се затворени, јави дописничката на МИА од Атина.

Периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, донесе одлука, превентивно во неколку општини учениците да останат дома, а затворени ќе бидат училиштата и во планинските делови и во повеќе општини во северна Грција, како и во Солун и на островите Хиос и Лезбос.

Паралелно, целосно или делумно затворени над 40 училишта и градинки во цела Грција поради потврден случај на Ковид-19.

Без разлика дали училиштата се затворени поради Ковид-19 или поради студот, учениците следат онлајн настава.

Основните училишта и градинките, по двомесечен прекин повторно беа отворени минатиот понеделник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега