Грчките граѓани добиле предупредувачка порака: За еден час се очекува уште посилен земјотрес

За еден час се очекува уште посилен земјотрес - е СМС порака што била испратена од „Заштита на граѓаните“ до граѓаните на Грција кои живеат во близина на епицентарот на земјотресот што ја погоди таа земја порано денес, со препорака да се остане на улиците и да не влегуваат во своите домови, јавуваат Србите кои живеат во Лариса, за Телеграф,рс.

Грција околу 11 часот беше погодена од силни земјотреси, од кои најсилниот беше 6 степени по Рихтер, проследен со уште три земјотреси со јачина од 4,6, 4,2 и 4,9 степени по Рихтер.

Епицентарот на најсилниот земјотрес беше на 24 километри од Лариса, на длабочина од 10 километри, а тој се почувствува во Атина и во други делови на западна Грција, како и во многу балкански земји.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега