Градоначалникот на Загреб чистеше по страшното невреме: „Ова е незапамтено“

 

 

Градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ по силното невреме излезе на улиците низ градот. Како што пренесуваат хрватските медиуми, Томашевиќ ги чистел улиците од гранки на патот по невремето.

Претходно Томашевиќ потврди дека во невремето има загинати и ги повика граѓаните само во екстремни случаи да се јавуваат на брза помош и што помалку да користат автомобили.

„Службите се преоптоварени со повици и тогаш тешко можат да реагираат на најитните и најважните ситуации, бидејќи се уште имаме спасувања во тек“, истакна Томашевиќ.

Наведе и дека се повредени неколку лица низ градот, на различни локации, но не даде повеќе детали за тоа.

„Тоа не е лесна ситуација, ова е незапамтено. Роден сум во овој град, никогаш не сум видел такво нешто, дека за триесет минути се случува ваква штета, дека толку многу дрвја, толку многу покриви паднаа од зградите, навистина е очигледно дека климата се менува и очигледно, за жал, можеме да очекуваме такви екстремни климатски услови во иднина и мораме да се прилагодиме на тоа“, изјави Томашевиќ за РТЛ Директ.

20.07.2023 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега