Градоначалничката Арсовска додели новогодишни подароци за дечињата згрижени во СОС „Детско село“
Скопската градоначалничка Данела Арсовска и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Марјанче Митовски во пресрет на новогодишните празници ги посетија дечињата згрижени во СОС „Детско село“ и им поделија новогодишни подароци.
Како што информираат од јавното претпријатие, на средба со националниот директор на СОС „Детско село“, Јулијана Накова Гапо е потврдена успешната соработка меѓу Градот Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и СОС „Детско село“ и се истакнати планови за нејзиното продолжување во иднина.
Во рамки на новогодишната кампања за поддршка на СОС „Детско селo“, секој корисник на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје заедно со фактурите во печатена и електронска форма добива и повик за поддршка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа