Град Скопје: Трајановски има најмалку право да говори за БРТ системот

 Коце Трајановски имаше повеќе од 8 години да воведе трамвај или БРТ во Скопје, а наместо тоа се одлучија да фрлат 700 милиони евра на стиропор, камен и бронза од криминалниот проект Скопје 2014. Наместо БРТ, Трајановски одлучи да гради галии, фонтани и жални врби во коритото на Вардар, палми и градски плажи на кејот на Вардар, а сега зборува дека некој друг треба да воведе електрични автобуси, стои во реакцијата на Град Скопје.

Реакцијата следи откако поранешниот градоначалник на Скопје Трајановски во гостување во вестите на Сител телевизија истакна дека БРТ системот е несоодветен.

-Коце Трајановски најмалку има право да говори за проектот како БРТ системот, зашто додека тој и некои негови претходници ветуваа трамвај, некој преку потпишувањето на договорот за заем со ЕБРД го започна процесот на реализација на БРТ системот. ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа никогаш не се случи. За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз и тој после 40 години за граѓаните ќе стане реалност, велат од Град Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега