Град Скопје: Бидејќи нема интерес на јавниот повик, ЈСП ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз

 

По истекување на рокот за пријавување на јавниот повик за приватните автобуски превозници за линиите 9,11 и 12, од Град Скопје за МИА информираат дека во недостиг на интерес за јавниот повик, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз.

– Градот Скопје даде можност за сите оние кои сакаат чесно и одговорно да работат и заработуваат од јавниот превоз, да се пријават на јавниот повик, соодветно бидејќи нема истакнат интерес ЈСП Скопје продолжува со сопствен капацитет да извршува непречен, навремен и стандардизиран јавен превоз. За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови автобуси, велат од Град Скопје.

Инаку, вчера истече рокот за пријавување и на вториот јавен повик за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12, кадешто се бараа 28 автобуси и 59 возачи.

Од Град Скопје за МИА велат дека останува да се види само евентуално доколку пристигне понуда по пошта. Јавното отворање на понудите, согласно јавниот повик, е закажано за 24 јануари во просториите на Градот. 

18.01.2023 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа