Голфер Тајгер Вудс доживеа страшна несреќа: Пожарникарите го ваделе од автомобилот со хидрауличен спасувачки уред- позната неговата здравствена состојба

Американскиот голфер Тајгер Вудс беше сериозно повреден кога неговиот автомобил се лизна од патот и се преврте во Лос Анџелес.

Тој беше успешно опериран и во моментов се опоравува.

Славниот голфер се огласи ден по сообраќајната несреќа и им се заблагодари на сите што се грижат за неговото здравје.

Во соопштението објавено на неговиот профил на Твитер се наведува дека Вудс претрпел отворени фрактури на десната нога и глуждот.

„Тој во моментов е буден, реагира и се опоравува во својата болничка соба“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, славниот голфер е извлечен од возилото со помош на хидрауличен спасувачки уред, пренесува Ројтерс.

Вудс претрпе повреди на ногата, а според американските медиуми, во ногата му била инсталирана шипка.

Видео снимка од локален хеликоптер прикажува автомобил покрај патот на ридот, превртен на страна и сериозно оштетен.

„Би рекол дека господинот Вудс имал среќа да преживее“, рече заменик-шерифот на округот Лос Анџелес, Карлос Гонзалес, кој прв пристигна на местото на несреќата.

Во времето на несреќата тој бил сам во возилото во 7 и 12 часот по локално време, се вели во соопштението од канцеларијата на локалниот шериф.

Вудс бил свесен кога стигнала помошта, носел безбедносен појас, а биле активирани и воздушни перничиња, што му го спасило животот, соопшти полицијата.

Полицијата проверила и дали Вудс бил под дејство на алкохол, но тие не го навеле резултатот од тестот, ниту колку брзо возел пред несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега