Голема акција на МВР: Казни ќе платат над 170 лица

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 17 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, 16 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

16.05.2022 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа