Ѓаковица: Почина 4 годишно девојче откако било претепано од братучедите
Четиригодишно девојче од Ѓаковица, Косово, починало вчера во болница во Приштина под се уште неразјаснети околности.
Се сомнева дека им подлегнала на повредите што и ги нанеле децата на нејзиниот вујко, пишува српски Телеграф. Во болницата во Приштина била донесена во тешка состојба, а лекарите и рекле на мајка и дека има сериозни повреди по телото нанесени од децата на нејзиниот вујко, со кои наводно си играла во дворот од куќата.
Таа дојде да го посети со нејзината мајка. Нејзината мајка Хајра рече дека девојчето и кажало дека ја тепале деца од семејството на нејзиниот вујко.
„Кога ја зедов во раце, не можеше да оди, само плачеше“, рекла мајката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа