Герасимовски: Бадник и Божиќ не зближуваат со семејствата, роднините и пријателите

 

Денешниот празник Бадник и утрешниот Божиќ, денот на Христовото раѓање се празници кои не зближуваат со нашите најголеми богатства, а тоа се нашите семејства, нашите роднини и пријатели, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој присуствуваше на одбележувањето на празникот Бадник во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

– Во таа чест дозволете ми да ви посакам убави празнични денови. Да ги одбележите во спокој, љубов и благосостојба и ви посакувам секој во себе да пронајде душевен мир и постојано да го има во себе. Имајте убава Бадникова вечер, да се обидеме да правиме добри дела, да помогнеме онаму каде што треба затоа што најважно е чувството и солидарноста меѓу нас, порача Герасимовски.

Герасимовски исто така истакна дека важно е одржувањето на традицијата и вредностите кои треба да се негуваат и пренесуваат на младите генерации.

Пред присутните граѓани свое обраќање имаа и здравичарот, Иванчо Стефков, бадникарскиот кум за 2023 година, Мојсо Мојсовски, кумовите Драган Спасов Дац и Александар Митевски, како и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

За крај Герасимовски им посака среќен Бадник, честит Божиќ и здравје на сите граѓани. 

06.01.2023 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа