Георгиевски: Ветивме медал и донесовме медал, да ја израдуваме Македонија пак, да живее Македонија

Поздрав до сите Македонци и до моите тренери. Добровечер Македонијо, победничка Македонијо. Ве обожавам. Благодарам за огромната поддршка. Фала му на Господ, изјави македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, кој пристигна на плоштад Македонија, каде е организиран голем пречек за спортскиот херој.

Упати огромна благодарност до неговите тренери Дарко и Борче Костовски, како и до неговиот брат и сестра, на неговите клупски другари.

-Ветивме медал и донесовме медал. Да ја израдуваме Македонија пак, да живее Македонија, додаде македонската гордост Георгиевски.

Тренерот на македонскиот олимпиец во таеквондо, Борче Костовски рече дека ова е само почеток.

-Во Париз одиме по злато, истакна тренерот и упати две пораки:

-Првата е: Чувајте го Дејан како капка вода на дланка. А втората- Македонија ВЕЧНА!

Со големи овации Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од голем број лица.

Се вејат македонски знамиња и се извикува неговото име. Нашето златно момче Дејан кој освои сребро на Олимпијадата помина и под Триумфалната порта.

Граѓаните го поздравуваат и извикувајќи го неговото име.

РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО!

29.07.2021 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа