Гајдарџиски: Македонија е лидер во енергетска транзција, работиме на инвестиции во обновливи извори

 

Директорот за развој и инвестиции на АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски, учествуваше на регионалната конференција за енергетика „Самит за енергетската иднина” што се одржа во Требиње.

 

На панелот „Патиштата и динамиката на транзиција на електростопанствата од регионот” директорот Гајдарџиски ги изложи проектите во обновливи извори на АД ЕСМ и планот за идни инвестиции кои се во правец на движење на државата кон зеленото сценарио во производството на електрична енергија, а кои имаат голема поддршка од европската Енергетска заедница.

Гајдарџиски ја пренесе оценката од ЕЗ дека Северна Македонија е лидер во енергетската транзиција и во реформите во енергетиката, вклучувајќи законски решенија услогласени со регулативата на ЕУ, Стратегија за енергетика до 2040, активности кон зелено сценарио и проекти за реализација на сценариото за енергетска транзиција.

АД ЕСМ, рече директорот, ја менаџира енергетската и топлинската криза во Северна Македонија, a во исто време работи и на реализација на инвестициите во обновливи извори на енергија. 

23.03.2022 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега