Фридом хаус: Пад на демократијата во цел свет

Според последниот извештај на меѓународната невладина организација „Фридом Хаус“, земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, се во категоријата делумно слободни држави и се посочува дека падот на демократијата, минатата година е забележан низ целиот свет .

Во извештајот „Слободата во светот 2021 година-Демократијата под опсада“ се наведува дека во 2020 година, Србија бележи пад од два поени и сега има вкупно 64 од вкупно 100 можни, додека САД имаат пад за 11 и сега имаат 83 поени.

Според извештајот, Србија бележи пад за 14 поени во областа на политичките права и граѓанските слободи во текот на последната деценија и е во групата со САД, Турција, Унгарија и Полска.

Во извештајот се наведува и дека назадување имало на територијата на целиот Западен Балкан во текот на 2020 година.

Забележан е и напредок кај некои земји, како што е Црна Гора, и Северна Македонија чии институции како што стои во извештајот во голема мерка се повратија „од штетата што им ја нанесе поранешниот премиер во бегство Никола Груевски“.

Извештајот опфаќа 195 светски земји и 15 територии и ги најдобро ги рангира скандинавски земји: Финска, Норвешка и Шведска, кои имаат по 100 поени, додека Северна Кореја е на најлошо место со три бода.

Извештајот исто така покажа дека граѓаните на вкупно 73 земји во светот живеат во услови на деградација на политичките и граѓанските права, додека напредок во тие области е регистриран во 28 земји.

54 земји во светот се класифицирани како слободни земји, во кои живеат вкупно 38 проценти од светската популација, а помалку од 20 проценти од светските граѓани живеат во услови на целосна слобода – што е најлош ефект од 1995 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега