Фрчеа казни во Скопје: 22 за брзо возење, 23 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на Скопје изречени се 161 казна.

 

„Меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, 23 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...“, соопштија од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

15.05.2022 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа