Фрчеа казни низ Скопје: Регистрирани 128 сообраќајни прекршоци

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи на територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 128 мерки, меѓу кои 20 за возење со брзина поголема од дозволената, девет за управување возило без возачка дозвола и 11 санкции за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…, се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

01.10.2022 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега