Фотографии од поранешното момче на Меланија Трамп: Себеси се опишува како Џејмс Дин од Словенија

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, зафатена е веќе 13 години. Со оглед на тоа што веќе долго време е во брак, тешко е да ја замислиме со друг маж освен со Доналд Трамп.

Но, пред да го изговори судбоносното „да“, на поранешниот претседател на САД Доналд, поранешниот модел имала момчиња кои медиумите и да сакале не можеле да ги пронајдат откако таа е во брак.

 

Меланија го запознала Доналд на Модната недела во 1998 година кога имала само 28 години. Иако Доналд тогаш бил во вториот брак со актерката Марла Мејплс тоа не го спречило да ја повика интригантната Словенка на љубовен состанок. Како што објаснила Меланија за медиумите: „Разменивме броеви и останатото е историја“.

По венчавката во 2005 година во Флорида, парот го добил синот Барон и набрзо потоа Трамп одлучил да се кандидира за претседател.

Штом ногата на Доналд зачекорила во Белата куќа, новинарите сакале да дознаат нешто повеќе за неговата сопруга. Иако било тешко да го направат тоа, сепак дошле до некаква трага – Јуре Зорчиќ.

Меланија и Зорчиќ се забавувале додека атрактивната дама живеела во Словенија, поточно седум години пред да го запознае Доналд.

„Беше како на филм. Беше топол летен ден 1991 година и тоа беше ново утро за политичка ситуација во нашата земја која беше опкружена од војната. Градот беше празен и блокиран од страна на војската. Возев мотор и на улица забележав девојка – која е таа? Поради тоа што ми се допадна, ја следев“, изјавил Зорчиќ за „ABC“.

Според неговите зборови со Меланија тој бил во врска неколку години, а потоа таа кон средината на 90-те години одлучила да ја напушти земјата и да ја побара својата професионална среќа во центрите на модата – Италија, Франција и на крај Америка.

Имено, како што пишуваше „Vanity Fair“ пред Доналд, Меланија не излегувала често на љубовни состаноци со други мажи и ова е единствениот за кој се знае.

Иако врз основа на приказната многумина очекувале да го видат Џејмс Дин од Словенија, по објавување на неговите фотографии постојат сомнежи дали воопшто се случувало нешто меѓу Меланија и Зорчиќ или пак ова е само една измислена приказна од негова страна.

15.10.2021 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа