ФОТО: Запленети 80 килограми марихуана - уапсени две лица

Полицијата заплени 80 килограми марихуана и уапси две лица на брегот на Охридското езеро.

-Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при РЦ за гранични работи Запад при БЈБ, во координација со Основното јавно обвинителство Струга, на 31.07.2021 во вечерните часови, на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина не месноста Сатеска кај Струга, на брегот на езерото, лишија од слобода две лица, во чија непосредна близина се пронајдени четири торби со марихуана во вкупна тежина од околу 80 килограми, во  вредност од околу 250.000 евра, појаснуваат од МВР.

По извршениот увид на лице место од страна на увидна екипа, пронајдената  дрога е подигната за вештачење, а по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

 

01.08.2021 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега