ФОТО: Шилегов се искара со пожарникарите- „Ако си заминете ќе примиме нови“

Ви плаќам сè што ви следува, ви овозможувам медијација за да ги добиете парите за ризик на работно место наместо да тужите еден по еден, рече градоначалникот Шилегов, што наиде на револт на пожарникарите, кои се пожалија дека платата што ја добиваат од 19.000 денари е понижувачка за функцијата што ја работат, пренесува „Слободен печат“.

На тоа, наместо одговор добија прашање од Шилегов дали би си заминале од функцијата ако добијат понуда за 40.000 денари на друго работно место.

 

-Ако заминете, ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари. Законски основ за исплата на тоа што го барате, засега нема. Треба да се смени законот во јуни 2021. Порано не може, рече Шилегов.

Скопските пожарникари вчера одржаа предупредувачки протест во кругот на противпожарната бригада во Автокоманда, со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега