(ФОТО) Првиот контролен пункт скоро празен - нема веќе голема гужва на гробот на Гоце Делчев

Полицијата почна да дозволува и граѓани кои не се пријавиле досега да се поклонат на гробот на Гоце Делчев. Но, првиот контролен пункт е и скоро празен, големите гужви поминаа.

Барикадите на надвозникот кај Кале остануваат и контролниот пункт мора да го поминат сите на кои одат кон црквата Св. Спас. Полицијата не дозволува групирање на повеќе од тројца луѓе, по тројца најмногу се пропуштаат и кон црквата.

Нема веќе долга редица на влезот на црквата Св. Спас, граѓаните си отидоа. Останати се само уште неколкумина, меѓу кои и новинарски екипи кои постојано го следат настанот 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, кој се води како настан од висок ризик. 

 

04.02.2023 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа