ФОТО: Полицијата пронајде лабораторија за марихуана во викендичка во Катланово

Полицијата денеска пронашла лабораторија за производство на марихуана во викендичка во Катлово.

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во с. Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабараторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана, соопшти полицијата.

Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

06.12.2021 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа