ФОТО: Ова е момчето кое почина на бина во Србија - познати детали за неговиот живот

21-годишниот Вељко Ратковиќ, член на КУД „Краљевска ризница“ починал синоќа за време на настапот на Зелкијадата, за време на изведувањето на последната точка на неговиот ансамбл.

Момчето починало на патот до болница, откако му се слошило на сцена.

„Бевме во публика и го следевме концертот кога тој падна под бината. Итната помош веднаш дојде на лице место, му беше направена реанимација, лекарите најпрво мислеа дека има епилептичен напад“, раскажа за Курир.рс Иван Гудиќ, директорот на Културно уметничкото друштво.

„Мајката на момчето починала пред 15 години и го одгледувала баба му, која веста за смртта на внукот многу тешко ја поднесе. Вељко беше прекрасно момче, пример, одличен музичар и долги години беше член од нашето друштво. Кога заврши средно училиште поретко доаѓаше на проба, затоа што веќе го знаеше целиот наш репертоар, меѓутоа доаѓаше со нас на секој наш настап. пофалби за него имаат сите членови на друштвото“, раскажал Гудиќ.

OVO JE VELJKO (21) KOJI JE PREMINUO NA BINI: Otkriven uzrok smrti mladog frulaša u Mrčajevcima

Членовите на Културно уметничкото друштво се уште се во шок.

„Имавме прекрасен настап, Вељко како и секогаш беше одличен. Имавме договор после настапот сите заедно да одиме на вчера, да пробаме варена зелка кај угостителот кај кој сме традиционално гости. Вељко исто така требаше да дојде со нас. Младите членови имале во план да не се враќаат со нас во Краљево, туку да останат да прослават , мислам дека и тој требаше да биде во таа екипа. Сите сме во пок“, рекол постар учесник на КУД, М.И.

Точната причина за смртта на момчето се уште не е позната, меѓутоа Вишото обвинителство во Чачак ќе спроведе истрага во врска со овој настан.

19.09.2021 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа