ФОТО: Хари и Меган објавија преслатка фотографија од Арчи за неговиот 2. роденден - светот воодушевен

Меган Маркл и принцот Хари објавиа прекрасна фотографија од својот син Арчи Харисон Маунтбаден Виндзор по подвод неговиот втор роденден.

Фотографијата од момчето била објавена на интернет страницата на фондацијата на овој пар, а на неа се гледа момче свртено со грб, како во рацете држи коноп со неколку големи балони во болик на срце и ѕвезди.

-Оваа година светот продолжува по својот пат на закрепнување од Ковид 19. Сепак многу семејства се уште се борат со оваа пандемија. Додека некои места се на ивица на закрепнувањето, во многу делови од светот заедниците продолжуваат да страдаат. Ние можеби чувствуваме дека нормалниот живот е зад аголот, но мораме да се потсетиме дека во голем дел од светот, посебно во земјите во развој, дистрибуцијата на вакцините треба да почне.

Не можеме да замислиме подобар начин да одадеме почит за роденденот на својот син од помош на земјите и луѓето. Ако сите покажеме сочувство за оние кои ги познаваме и не познаваме, може ќе се постигне голема работа. Дури и малиот допринос може да има значаен ефект. Заедно можеме да се издигнеме, заштитме и да се грижиме едни за други - стои во објавата.

Arči Vindzor

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега