Финска ја пустошат пожари, најголеми во последните 50 години

Швумски пожар, невиден во последните педесет години за пет дена опустоши повеќе од триста хектари во долината во северозападна Финска по почетокот на екстремно жешкото лето во таа нордиска земја.

 

Пожарот, кој избувна во понеделникот на околу 25 километри јужно од пристаништето Калајоки во Батнискиот Залив, денеска се ублажи откако во оваа област паднал дожд, но се уште не е целосно ставен под контрола, соопштија властите.

"Уште полошо е, но пожарот веќе не се шири надвор од овој сектор со површина од 300 хектари, долг осум километри. Ќе ни треба најмалку една недела, дури и две до три недели, за целосно да го изгаснеме", рече раководителот на пожарникарите, Јармо Хаапанен.

Во гаснењето на пожарот биле мобилизирани околу 250 луѓе, вклучително и војници и четири хеликоптери, но не била потребна евакуација во ретко населената област, околу 500 километри северно од Хелсинки. Иако е помал од минатогодишните пожари во Сибир и Канада, ова е најголемиот пожар во Финска од 1971 година, велат експертите.

Причината за пожарот не е позната, но шумите се суви бидејќи јуни и јули биле невообичаено топли во Финска, каде што во некои делови температурата била повисока од 30 степени Целзиусови.

31.07.2021 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа