Елмас: Игравме за бате Горан, да не се задоволиме само со едно ЕП

Македонската фудбалска репрезентација со својата историска победа вчера си обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, „црвено-жолтите“ вчера во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.

Победничкиот гол во 56. минута го даде Пандев по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски. 

„Искрено да кажам, игравме сите одлично, прекрасно, се боревме на терен како да е последен меч. Ова беше финале за едно големо натпреварување како што е ЕП. Игравме за нас, за Македонија, за нацијата, за бате Горан. Го остваривме сонот на еден од најдобрите играчи во нашата земја, се надевам дека вака ќе продолжиме понатаму. Знаевме какво семејство сме, дојдовме по победата и среќни сме што успеавме да ја израдуваме Македонија и целата нација, се надевам дека ова нема да биде последно. Со само едно ЕП – не треба да се задоволуваме. Се надевам дека во иднина ќе играме и на СП“, изјави Елмас за Гол.мк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 08:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега