Експертите открија колку шолји кафе дневно му штетат на организмот и го зголемуваат ризикот од деменција и мозочен удар

Кафето сите го сакаме, но дали знаете дека премногу кофеин може да има лоши последици на здравјето на мозокот?

Истражувачите од Универзитетот во Јужна Австралија го проучувале влијанието на кафето кај 18.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години за да откријат како овој напиток влијае на мозокот, поточно на волуменот на мозокот и ризикот од деменција и мозочен удар.

Тие дошле до заклучок дека вишокот кофеин може да има лоши последици по здравјето на мозокот, па луѓето кои пиеле повеќе од шест шолји кафе дневно имале 53 отсто поголем ризик од деменција, како и помал волумен на мозокот.

„Откривме дека поголемото консумирање на кафе значително е поврзано со намалување на волуменот на мозокот. Во основа, консумирањето на повеќе од шест шолји кафе дневно може да доведе до ризик од мозочни болести како деменција и мозочен удар“, изјавила д-р Кити Фам, коавторка на студијата.

„Една единствена работа која може да ја направите за да бидете хидрирани е да не заборавите да се напиете и малку вода покрај кафето“, објаснила професорката и коавторка на студијата Елина Хајпонен.

Од друга стана, умереното внесување на кофеин е всушност здраво и позитивно поврзано со здравјето на мозокот.

Според едно истражување од 2010 година, пиењето на три до пет шолји дневно било поврзано со намален ризик од деменција и Алцхајмер за околу 65 отсто, пренесува „mbg“. 

29.07.2021 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега