Едно лице почина, четворица повредени откако излетале од пат со автомобил во Богданци
Едно лице почина, а четири се повредени откако со патничко возило излетале од патот на улица „Маршал Тито“ во Богданци.
– На улица „Маршал Тито“ во Богданци, вчера околу 4 часот патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот, соопшти МВР.
Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа