ЕБОР со нова кредитна линија од два милиони евра за поддршка во опоравување на МСП од пандемијата

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја продолжува соработката во Северна Македонија одобрувајќи нова кредитна линија во износ од два милиони евра, која ќе биде наменета да им помогне на малите и средни претпријатија (МСП) во земјата, во поттикнување на работењето на нивните деловни активности, кои доаѓаат после последиците предизвикани од Ковид-19 пандемијата.

Како што информираат од Европската банка, кредитот бил потпишан вчера за време на Годишното собрание на ЕБОР, кое се одржува во Маракеш, Мароко.

Франсис Малиж, генерален директор на ЕБОР изјави дека им претставува задоволство заедно со „Комерцијална банка“ Скопје, повторно да им пружат поддршка на локалните МСП. Посочи дека средствата ќе им помогнат на малите бизниси да инвестираат во современи технологии и да се опорават од негативните ефекти предизвикани од пандемијата.

Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Бордот на директори на „Комерцијална банка“ АД Скопје истакна дека продолжуваат со напорите во поддршка на националната економија во период после пандемијата.

– Ни претставува задоволство што можеме да ги им помогнеме на МСП со кредитната линија од ЕБОР во износ од два милиони евра. Особено ни е драго што средствата од оваа кредитна линија се примарно наменети за инвестиции во зелената енергија и конкурентноста, што е во согласност со нашата посветеност да поддржиме и придонесеме во развојот на одржливи бизниси, рече Штериева.

Како што посочуваат од ЕБОР, „Комерцијална банка“ ќе ги кредитира малите компании, овозможувајќи им да инвестираат во зелени технологии кои работат подобро, и кои ќе ги подобри нивните стандарди и процеси. Овие инвестиции треба да ги направат локалните МСП поусогласени со Европската унија и со меѓународните стандарди, поттикнувајќи ја нивната конкурентност на домашните и меѓународните пазари.

МСП ќе имаат корист од грант компонентата која достигнува до 15 отсто од сумата на кредитот. Грантовите се финансирани од Луксембург, Норвешка и Соединетите Американски Држави, како и другите донатори кои се очекува да учествуваат во поддршката.

Потенцираат дека кредитната линија е дел од новата програма на ЕБОР за поддршка на обновата на МСП, која го поддржува опоравувањето на малите компании од забавениот раст предизвикан од пандемијата. Комерцијална Банка е првата банка во земјата која и се приклучува на програмата, охрабрувајќи ги МСП да имплементираат повеќе од вообичаените деловни пракси и да инвестираат во современи и одржливи технологии. Околу 70 отсто од поддршката преку оваа програма, ќе биде алоцирана во инвестиции во заштеда на енергија и зелени технологии, додека останатиот дел ќе биде наменет за поддршка на инвестиции во атоматизација, зголемена продуктивност, како и квалитет и безбедност на производите.

„Комерцијална банка“ е долгорочен партнер на ЕБОР, а во нејзината поддршка на МСП во Северна Македонија до сега има одобрено над 7 милиони евра, кредити на локалните МСП под Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над 2.2 милијарди евра во 154 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет за Банката, бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата: декарбонизација на економијата.

12.05.2022 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа