ДЗС: Во март намален бројот на работници во индустријата

 
Државниот завод за статистика објави дека бројот на работници во индустријата во март е намален за 1,5 проценти во споредба со март минатата година.
 
Според статистичките податоци, намалување има во секторите Рударство и вадење на камен од 3,7 проценти, Преработувачката индустрија за 1,4 проценти и во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација за 1,7 проценти.
 
Во периодот јануари-март има намалување на бројот на работници во индустријата за 2,1 процент.
03.05.2022 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега