Џеј Зи направи профил на Инстаграм и го избриша по само еден ден иако доби милиони следбеници

Музичарот Џеј Зи се откажа од Инстаграм само еден ден откако го отвори. Пејачот во вторникот вечерта отворил профил на оваа социјална мрежа, а веќе утрово профилот е избришан.

За време на единствениот ден од своето постоење на Инстаграм, раперот собрал армија следбеници – импресивни 2,4 милиони – но брзо одлучил дека тоа не е за него и го затворил својот профил.

Инаку, единствената личност која Џеј ја следел на својот профил била неговата сопруга Бијонсе.

Џеј Зи се приклучил на платформата пред објавувањето на неговиот нов филм The Harder They Fall, споделувајќи го одбројувањето до неговата премиера во неговите приказни на Инстаграм.

Џеј Зи не е единствената славна личност која го отпиша Инстаграм веднаш по создавањето на профилот.

Минатата година, Сер Дејвид Атенборо го напушти Инстаграм точно два месеци откако се приклучи на платформата. Конзерваторот добил повеќе од 6,2 милиони следбеници од отворањето на профилот, повикувајќи ги луѓето да преземат акција за да се спречат климатските промени.

Кога се приклучи на страницата во септември 2020 година, Сер Дејвид го собори рекордот за корисник кој најбрзо достигнал милион следбеници – му биле потребни само четири часа и 44 минути за рекордот.

04.11.2021 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега