Двајца тешко повредени откако со автомобилот излетале од патот во Зајас

Две лица се потешко повредени откако вчера со своето „фиат пунто“ излетале од патот во селото Зајас.

-Вчера околу 05.15 часот во близина на угостителски објект во с.Зајас, кичевско, патничко моторно возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од с.Брвеница,тетовско, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А и сопатничката М.А.(24) од с.Брвеница кои биле пренесени во  Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега