Двајца сопственици на кафеани заработија кривични - не ги почитувале протоколите

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.М.(49) од село Вешала, управител на угостителски објект, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 15. февруари годинава околу 21.35 часот, полицијата во Тетово извршила контрола во локалот и констатирале дека Н.М. постапил спротивно на одлуката на Владата и по дозволеното работно време во објектот имало гости.

За истото кривично дело поднесена е пријава и против Н.З.(64) од Велес, сопственик и управител на локал.

На 24  декември минатата година полициски службеници извршиле контрола во објектот и констатирале дека не се почитуваат владините одлуки, односно објектот работел по дозволеното време и во него имало гости.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега