Двајца мажи од Арачиново приведени во Никуштак: Со возилото се обиделе да прегазат полицаец

 

Две лица од Арачиново биле приведени кај Никуштак откако одбиле да застанат на даден знак од полицијта и се обиделе со возилото да удрат во полицискиот службеник.

На 19.09.2020 околу 22.30 часот во с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(48) и Б.С.(23), двајцата од с.Арачиново, затоа што околу 20.30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа