Двајца македонски државјани повредени во сообраќајка кај Лесковац
Нешто после 8 часот утрово, се случи сообраќајна незгода на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац, во која беа повредени двајца мажи од Македонија, потврдено е за ЈугМедија во Лесковачката полиција и Општата болница во Лесковац.
Повредите ги здобиле мажи од околината на Струмица, едниот роден во 1987 година, а другиот во 1982 година.
– Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот, изјави заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ.
Според наводи на повредените, тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград – Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.
Сообраќајот на таа делница, кој за време на истрагата се одвиваше по лентата за претекнување, беше нормализиран непосредно пред 11 часот.
– Според сигурни информации, на повредените на помош им пристигнала екипа на брзата помош од Лесковац, а двајцата патници од смачканото комбе биле извлечени од страна на пожарникарите во Лесковац, наведува Југмедија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа