Драма во Србија: Ученик му го фрлил тестот в лице на професорот, заканувајќи му се

Инцидент се случил во техничко-сообраќајното училиште во Владичин Хан во четвртокот за време на полагањето за возачи од Б категорија.

Според српските медиуми и информцаии во Вишото јавно обвинителство по истекот на предвиденото време за полагање, ученик од трета година, откако не добил помош од професорот при пополнувањето на тестот, го стуткал и му го фрлил во лице на професорот заканувајќи му се.

По наредба на обвинителот, извршен е разговор со сите членови на испитната комисија, да се обезбедат извештаи од директорот и педагогот на училиштето, како и да се извести Центарот за социјална работа за инцидентот во Владичин Хан.

Медиумите потсетуваат дека претходно учениците од Техничкото училиште од Трстеник кои на почетокот на месецов физички нападнаа наставничка за време на наставата ќе бидат избркани од училиштето.

25.11.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега