Драма во Гостивар: Приведен маж кој ги повредил сестра му и нејзиното дете

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера околу 04.20 часот го лишиле од слобода М.Х.(41) од Гостивар, кој претходно бил пријавен од неговата 42-годишна сестра дека физички ја нападнал и повредил неа и нејзиниот малолетен син.

Според пријавеното, М.Х. во нападот користел и остар предмет.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

28.11.2022 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега