Драма во болница во Кенија: Го прогласиле за мртов па се разбудил во мртовечница (ВИДЕО)

 

Вистинската драма се случила во болницата Капкатет во округот Керичо, Кенија, откако 32-годишен пациент се разбудил во мртовечница.

Човекот Питер Киплангат Киген, наводно, бил пренесен во болница во вторникот наутро, откако се онесвести дома.

„Киган страда од болест на желудникот која не принуди итно да го однесеме во болница“, рече неговиот чичко Денис Лангат, пренесува Citizentv.co.ke.

Лагат рече дека медицинската сестра која го примила Киген во болницата површно го „проверила“ Питер пред да го прогласи за „мртов“.

Пациентот веднаш бил пренесен во мртовечницата, каде што веднаш започнала постапката за зачувување на телото.

Според чичкото, службеникот во мртовечницата направил засек на десната нога на пациентот, кој требало да се користи за инјектирање на формалин во телото.

Сепак, пациентот се освестил и започнал да се „витка“ од болка, што ги натерало луѓето во близина да бегаат, мислејќи дека починатиот „воскреснал“.

Кениските медиуми наведуваат дека Питер бил вратен на болничкото одделение каде му била укажана прва помош и во моментов се опоравува.

Семејството на пациентот сега бара правда, обвинувајќи ја болницата за небрежност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа