Дождот и ветрот само навидум „го исчистија“ воздухот во Скопје

 

Ветерот и дождот го расчистија смогот во Скопје па сега главниот град на Македонија не е меѓу првите десет главни и поголеми градови во светот според загаденоста на воздухот, како што во последниве две недели вообичаено се наоѓаше. Но навидум е воздухот чист.

Со индекс 89 на квалитетот на воздухот, Скопје во 9 часот се најде на 26-тото место во светот, овојпат не само во друштво на огромните азиски градови кои се и индустриски центри, туку и во друштво на Варшава и Тел Авив.

Според интернет страницата пулс.еко, невладините мерни станици покажуваат просечно лош квалитет на воздухот кога во прашање се најопасните ПМ2,5 честички кои се застапени со 33 мг на м3 во воздухот, и умерен квалитет на воздухот кога во прашање се ПМ10 честичките.

Mногу е лош квалитетот на воздухот во Тетово каде се измерени ПМ2,5 честички од дури 99 мг на м3, во дел од Битола тие достигаат до 71 мг на м3, во Гостивар 74 мг, a во делови од Струмица концентрацијата на ПМ2,5 честичките достигнува до 94 мг на м3.

10.01.2023 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа