Досегашните членски книшки од СДСМ веќе нема да важат – ќе бидат заменети со нови и дигитални

СДСМ започнува постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член, согласно точно одредена процедура и рокови за реализација на постапката која ќе трае до 25 февруари, соопштува генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, во видео-обраќање до члендството.

„Пребројувањето“ на членството почнува во пресрет на првите непосредни внатрепартиски избори за лидер на СДСМ, најавени за напролет, кога истекува вториот мандат на Зоран Заев на чело на партијата.

Опишувајќи ја процедурата за ажурирање на членството во СДСМ, Николовски сооопшти и дека процесот ќе заврши со издавање нови членски книшки, односно дека досегашните хартиени книшки ќе бидат заменети со, како што вели, модерни – дигитални.

„Постапката во СДСМ почнува денеска од најмалите организациони единици на партијата, месните одбори. Тимови од месните одбори ќе го посетат секој наш член, ќе разговараат ширум татковината, секако почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот.

Понатаму постапката продолжува во комисиите на општинските организации, па се до највисоките партиски органи и до Централниот одбор. Целосно транспарентно и одговорно.

Активната регистрација ќе може да се реализира и преку самостојно онлајн пријавување, во електронска форма.

Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе го заокружиме со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални“, вели Николовски во видео-обраќањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега