Дочи: Груби се крие зад ликот на Ахмети, ДУИ ќе го загуби и Скопје

Поранешниот функционер на ДУИ, како и директор на „Комуналец“, Ракип Дочи објави статус на неговиот профил и предупреди дека партијата ќе го загуби и Скопје по лошите резултати на изборите.

Дочи ја поддржа „огнената група“ која застана против Артан Груби за кој вели дека се крие зад лидерот на партијата, Али Ахмети.

„Никој нема право да се крие зад ликот на Ахмети, но тоа право го ужива Груби“, вели Дочи.

Дочи смета дека за поразот на локалните избори во Тетово не е виновен Ахмети, туку Груби.

26.09.2022 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега