Доаѓа голем и тежок празник: Мора да направите неколку работи, за цела година да не ви тргне „обратно од планираното“

Православната црква и верниците на 27 септември го прославуваат Крстовден, кој според учењето на црквата означува налагање на крст на кој е распнат Исус Христос.

Крстот, според преданието, во 326 година го пронашла царица Елена, мајка на цар Константин, кога отишла во Палестина да посети свети места.

За време на војните крстот се загубил, а подоцна, кога повторно бил пронајден, негови делови земале верници со надеж дека имаат голема моќ, бидејќи тие биле направени од свето дрво.

На Крстовден се држи строг пост, а многу верници овој ден јадат само леб и грозје.

Додека за многу други празници кои се одбележани со црвени букви важи дека не треба да го чистат домот и да работат други сличми работи, на Крстовден тоа е обратно.

На овој ден е добро да ја средите куќата, буквално кажано, да ја подготвите за зимата која следува. Значи, една работа која на овој ден никако не смеете да ја направите е следнава – да не работите!

Во спротивно, доколку не работите, се верува дека цела година „се ќе ви тргне обратно од планираното“.

23.09.2022 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега