Доаѓа Фон Дер Лајен: Посебен режим на сообраќај во среда и четврток во Скопје

 

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека на 26 и 27.10.2022 година (среда и четврток) дека ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје.

 

Во официјална посета на Република Македонија ќе пристигне претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, па од  тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

25.10.2022 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега